Регион

ЕК ја казнува Бугарија – лажела за буџетскиот дефицит за да влезе во еврозоната

На 3 јуни следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија зашто дефицитот е над 3% и ќе биде предмет на редовно следење со санкции, предупреди Радев

 

Ппремиерот Румен Радев пред почетокот на состанокот на бугарската влада денеска сподели и некои многу лоши вести што ја очекуваат земјата следната недела, објави Еуз.бг.

„Лошата вест е дека на 3 јуни следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија. Нашиот дефицит е над 3% и ќе бидеме предмет на редовно следење со санкции“, предупреди Радев.

Според него, дефицитот од минатата година бил далеку над 3%, бидејќи претходните (бугарски) влади лажеле за да ја постигнат својата цел – влегување во Еврозоната.

Оваа година дефицитот ќе биде уште поголем. „Меурот пукна и ова е тешкото наследство што го добивме“, истакна Радев.

„Некои беа научени да бидат финансиери на наш грб, декапитализираа државни компании, исцицаа бизниси, земаа даноци за да ги прилагодат табелите во Excel, а други ги зголемија трошоците со несоодветни јавни набавки, го ограбија и го испразнија буџетот.
Сега доаѓа време за тешки прашања и ЕК ќе нè праша зошто некои луѓе ја излажаа?

Сега ние, како влада, ќе бараме одговорност за кражбите и грабежите. Ќе направиме сè што е можно во наредните години за да го доведеме буџетот во нормални граници“, нагласи Румен Радев.

Премиерот Радев предупреди дека ќе биде исклучително тешко за владата да ја доведе државата во нормален буџетски дефицит.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top