Расправата за бегството на Ива Михаилова во Бугарија ги „разгоре“ социјалните мрежи и во Бугарија, каде, за разлика од ставовите на официјалните власи, се изнесуваат скептични мислења околу оправданоста на постапката на лице на кое му се суди во Макдонија за тешко кривично дело.
„Со голем интерес ги следам различните толкувања за случајот „Ива Михајлова“ и се прашувам: како е можно толку многу луѓе да имаат глави што не служат за ништо друго, освен за одржување на рамнотежа? – пишува извесна Тана Скриинска на нејзиниот Фејсбук профил.
Таа вели дека на нејзината објава на социјалните мрежи имало над 200.000 реакции, и попатно споменува дека нејзиното потекло е од Егејсска Македонија, но дека поради тоа не е помалку Бугарка од другите.
„Па… еве ви материјал за размислување – бидејќи изгледа дека мојата Фејсбук страница е единственото место каде што можете да најдете некаква смисла во сопственото постоење!
Во Бугарија е сосема вообичаено – во одредени видови случаи – дури и на сведоците на кривично дело да им се забрани напуштање на земјата. Претпоставувам дека ова спаѓа во општата култура.
На симпатичната Ива Михајлова, која има двојно државјанство, НЕ ѝ е дозволено да ја напушти Македонија бидејќи е учесник во кривична постапка во која има оштетено лице. Изгледа дека Македонија, иако е млада држава, сепак има свои правила!
Дали Михајлова е виновна или не – не знам!
Да претпоставиме дека НЕ е виновна и дека е обвинета исклучиво поради нејзиниот бугарски идентитет!
Како и да е, таа законски има забрана да го напушти својот град и својата земја!
Постои забрана за патување – а таа сепак ја прекршила!
Понатаму…
Во Бугарија е премногу честа појава обвинетите или осудените за кривично дело да глумат болест – често како тактика за да извршат нови дела или да избегаат од правдата. Како општество, постојано сме фрустрирани поради ова и често го критикуваме нашиот правосуден систем дека е несовршен, бидејќи им дозволува на криминалците да шетаат на слобода.
Ми текнува на случајот со синот на еден обвинител, или на некој како Илијан Тодоров – кој избега откако изврши двојно убиство пред ноќниот клуб „Соло“ – и така натаму, и така натаму, и така натаму. Во овој случај, сепак, без да знаеме ништо, веднаш сме склони да веруваме дека Ива Михајлова е невина, иако таа е осудена!
Добро тогаш!
Таа е невина, но се води постапка против неа! Така ли е?! Претпоставувам дека секој разумен човек ќе се согласи дека тоа што некој е Бугарин не значи автоматски дека е виновен, но исто така не значи автоматски ниту дека е невин!
Така ли е?! Или… сè додека Бугаринот е во Македонија, тој е секогаш во право и е невин?!
Во овој случај, фактите се дека Ива Михајлова избегала од правдата во Македонија и ја прекршила забраната за напуштање на градот и државата каде што ѝ се суди!
Дали Бугарија треба да му верува на македонското правосудство кога станува збор за Бугари?! НЕ!!!
Дали Бугарија работеше на случајот „Ива Михајлова“?! ДА!!!
Дали Ива Михајлова е болна?! НЕ ЗНАМ! – се истсакнува во објавата.
„Дали Ива Михајлова треба да има можност да се лекува, доколку е болна?! ДА!!!
А сега, дозволете ми да го кажам најважното, она што навистина ме вади од такт во овој конкретен случај!
Можам да разберам дека девојката сака да избега од Македонија! НО, НЕ МОЖАМ ДА ГО ОПРАВДАМ НАЧИНОТ НА КОЈ ГО НАПРАВИ ТОА, КАКО НИТУ МОМЕНТОТ КОГА ГО НАПРАВИ ТОА!
А тука е и очигледната вмешаност на бугарската држава во сите овие работи.
Ако девојката сакала да избега затоа што е болна, требала да го стори тоа порано, а не сега, кога Бугарија веќе постигна напредок во нејзиниот случај!
И сега, сосема природно, нејзините постапки ќе се толкуваат поинаку!
Ако таа навистина е болна и сака да се лекува, зошто се појави пред медиумите со својот адвокат – само за да крене врева и да направи ПР?!
Зарем не можеше едноставно да се скрие и да побара лекување?!- вели Скриинска….