Регион

(Фото): Револт во Србија – граѓани на Белград и Нови Сад блокираат раскрсници

По масовниот протест на Видовден и апсењата на демонстранти, Србија е под блокади. Студенти и граѓани започнаа „граѓанска непослушност“ и бараат избори. Власта засега не сака да ги исполни барањата.

По масовниот протест на 28 јуни, сообраќајниците ширум Србија се под блокада. Граѓански т.н. дисперзирани блокади има попладнево во низ речиси цел Белград како и Нови Сад каде според локалните медиуми предизвикан е колапс на сообраќајот, пренесуваат српските медиуми. Блокадите се поради апсење студенти и граѓани кои учествуваа во немирите по протестот во саботата на кој повикаа студентите во блокада. Во Нови Сад голем метеж има на мостот Варадин, на мостот популарниот „Жежељ“ во Нови Сад. Сите булевари во градот се полни со возила што се движат бавно или едноставно стојат во место.

Во Белград ситуацијата е исклучително тешка – граѓаните блокираат една по една улица или булевар. Теразискиот тунел беше блокиран попладнево, но по интевенција на полицијата беше овозможено повторно движење. Час подоцна – повторно беше блокиран тој фрекфентен тунел за сообраќај. Полицијата повторно се рапсоредува таму. Блокирани се улици во Земун, на Богословија. Граѓаните најчесто преместуваат контејнери за смет на улиците со што ги блокираат или ги блокираат пешачките премини одејќи постојано од едниот до другиот крај на преминот. Полицијата интервенираше на неколку места во градот.

Блокади се најавени во поголем број за вечерва низ Белград, Нови Сад, Крушевац…

По Еколошкото востание, ДС и Нова ДСС и претседателството на Партијата за слобода и правда донесоа одлука да ги послушаат студентите во блокада. Претходно вчера, студентите во блокадата побараа од пратениците од опозицијата да ја бојкотираат работата на Народното собрание без да го вратат мандатот, потврди Мариника Тепиќ, пратеничка и потпретседателка на ССП, на својот X профил. Движењето „Крени-Промени“ соопшти дека „дисперзираните блокади“ се тактика што владата тешко може да ја потисне.

  • Дисперзираните блокади не се симболичен протест – тоа е вистинската моќ на народот. Кога клучните патишта низ цела Србија се блокирани, корумпираниот систем запира – соопшти движењето Крени-Промени.

За разлика од традиционалните протести, кои се концентрирани во едно градско јадро, дисперзираните протести дозволуваат сообраќајот да биде парализиран на неколку локации истовремено, што дополнително ја комплицира реакцијата на безбедносните служби.

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска ја сослуша првата група од 30 осомничени за напади врз припадници на српската полиција и насилното однесување по протестот на 28 јуни одржан на плоштадот Славија во Белград.

Најнови вести од: Регион

Косовскиот парламент конституиран, Србин за потпретседател

Косовскиот парламент денеска беше конституиран, осум месеци по парламентарните избори, со изборот на косовскиот Србин Ненад Рашиќ, лидер на Граѓанската иницијатива „За слобода, правда и опстанок“, за потпретседател на Собранието, јави весникот Коха диторе.

Пирати низ Дунав ќе го спасуваат Вучиќ од нафтената криза

Санкциите на САД против нафтената индустрија на Србија (NIS), еден од економските столбови на земјата, стапија на сила на 9 октомври. Тие се насочени кон рускиот мнозински удел во компанијата, наследен од приватизацијата во 2008 година, која му овозможи на гигантот Газпром Нефт да ја преземе контролата врз групацијата.

Од сега сите политички реклами мора да откријат кој ги платил

Правилата, исто така, бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори. Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и слободата на изразување и правото на јавноста на информирање, помагајќи им на граѓаните да разликуваат платена политичка содржина од уреднички материјал или лични политички мислења, и на тој начин го зајакнува интегритетот на изборите.

Економски шок за Србија: Санкциите врз НИС стапуваат во сила

По осум одложувања, од денеска наутро стапуваат во сила американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), компанија во мнозинска сопственост на руски Газпромнефт, што ја прави една од столбите на српската економија

Загадување под данок: Србија во борба против аерозагадувањето

Од следната година, српските производители на цемент, железо, челик, алуминиум, минерални ѓубрива и електрична енергија – фирми кои се сметаат за главни виновници за аерозагадувањето поради нивните операции – ќе мораат да уплатуваат специјален надоместок кон буџетот на државата

To top