Регион

„Голема ноќ за Германија и за Европа!“: Орбан го поздрави изборниот триумф на АфД во Саксонија-Анхалт

Поранешниот премиер на Унгарија, кој 16 години ја водеше Владата во Будимпешта, порача: „Врзете се. Ова е само почеток!“

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја поздрави победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) на изборите во источногерманската покраина Саксонија-Анхалт, нарекувајќи ја голема ноќ за Германија и за Европа, јави ДПА.

„Голема ноќ за Германија и за Европа!“, напиша Орбан синоќа на социјалната мрежа Икс. „Честитки до Алис Вајдел, Улрих Зигмунд и целата партија Алтернатива за Германија за нивната убедлива победа во Саксонија-Анхалт! Врзете се. Ова е само почеток!“, додаде тој.

Орбан владееше со Унгарија 16 години пред да претрпи тежок пораз од неговиот конзервативен противник Петер Маѓар на парламентарните избори во април.

Орбан одржува врски со десничарските конзервативци и популисти ширум светот, вклучувајќи ја и Алтернатива за Германија, чија копретседателка Алис Вајдел го посети во Будимпешта неколку пати додека беше премиер.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top