Регион

Хрватска: Убиец на дете осуден на 50 години затвор

Обинетиот и сега осуден, бил поранешен ученик на основното училиште „Пречко“, кој откако бил нападнат со нож, избегал во блискиот здравствен центар каде што се обидел да се самоубие

 

Ссудскиот совет на Загребскиот окружен суд објави неправосилна пресуда против Л. М. (20), обвинет за тешко убиство на дете во основното училиште „Пречко“ во декември минатата година, плус за четири тешки обиди за убиства и за 50 кривични дела за кршење на правата на дете.

Убиецот од училиштето „Пречко“ доби вкупно 50 години затвор, 30 години за убиство на момче, 22 за обид за тешко убиство на деца и наставник и по две години за кршење на правата на уште 50 деца.

„По постапката, судскиот совет го прогласи обвинетиот за виновен и го осуди на најстрогата казна што може да се изрече според кривичното законодавство на Република Хрватска, а тоа е затворска казна од 50 години.

Според обвинението поднесено од Канцеларијата на државното обвинителство на Загреб 20-годишникот на 20 декември минатата година „дошол во основно училиште во Загреб за време на часови, со однапред замислена намера да ги одземе животите на децата и училишниот персонал, знаејќи дека станува збор за деца на помала хронолошка возраст кои не биле во можност физички да му се спротивстават“.
Потоа, според обвинението, влегол во просториите на училиштето каде што со нож ги нападнал наставникот и децата. Едно дете било убиено во нападот, додека наставник и три деца биле тешко повредени во нападот.
Првично, судот мораше да утврди дека обвинетиот е сторител на кривичното дело, а едно од клучните прашања во постапката беше прашањето за неговата здраворазумност, или евентуално лудило, пишува Индекс.хр.

Според психијатри,  сторителот бил здраворазумен, со намалена здраворазумност, но не до степен што би ја довел во прашање неговата кривична одговорност.

Судот ги зеде предвид одредени ментални нарушувања што претходно беа утврдени кај обвинетиот. Обвинетиот е обвинет за повеќе кривични дела, а судскиот совет оцени дека само „со изрекување на најстрогата казна, имено затворска казна од 50 години, може да се постигне целта и на посебната и на општата превенција“.

Објавувањето на пресудата во овој случај беше затворено за јавноста. Судијата прво ја објави пресудата на страните во постапката и семејствата, а потоа накратко ја информираше јавноста.

Основата за таквата одлука се наоѓа во Законот за малолетнички судови, а таа е донесена првенствено за да се заштитат децата кои се жртви во овие постапки.

Обвинетиот побара да не биде доведен на објавувањето на пресудата и, во согласност со законот, не е должен да биде присутен кога таа ќе биде изречена.

Обинетиот и сега осуден, бил поранешен ученик на основното училиште „Пречко“, кој откако бил нападнат со нож, избегал во блискиот здравствен центар каде што се обидел да се самоубие.

Поради оваа трагедија, следниот ден бил ден на жалост низ цела Хрватска, а министерот за образование Радован Фукс најави задолжително затворање на училиштата.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

To top