Регион

Јанша на прагот на четврти премиерски мандат во Словенија

Според медиумите, лидерот на Словенечката демократска странка, втора на неодамнешните избори, има мнозинство за Влада

Три недели по парламентарните избори во Словенија се чини дека следната влада, по четврти пат, ќе ја формираат Јанез Јанша и неговата Словенечка демократска странка (СДС).

Вчера лидерот на демократите, Анже Логар, објави дека ги прекинува коалициските преговори со Движењето за слобода на поранешниот премиер Роберт Голоб, што го отвори патот за нова влада на Јанша.

Логар е поранешен словенечки министер за надворешни работи во владата на Јанша и долгогодишен член на СДС, кој ја напушти партијата пред две години. За време на изборната кампања, тој упорно ги негираше обвинувањата на левицата дека е „скриен адут“ на СДС, а прекинот на преговорите го објасни тврдејќи дека Движењето за слобода се обидело да го „присили на коалициски договор“ и дека таквото однесување „ги преминало границите на нормалниот политички дијалог“.

Движењето за слобода, релативниот победник на изборите со 29 пратеници, одговори дека гласачите биле сведоци на политичка измама и дека преговорите со демократите, кои освоија шест пратеници, никогаш не се случиле.

Реагираше и Јанша, споредувајќи го обидот на Голоб да формира влада со оној на Зоран Јанковиќ, градоначалникот на Љубљана, кој не успеа да го стори тоа во 2011 година, и покрај победата на изборите. Јанша беше тој што на крајот ја формираше владата.

Владејачкото Движење за слобода и опозициската СДС постигнаа речиси идентични резултати на изборите на 22 март – Движењето доби 28,62 проценти од гласовите, а СДС 27,95 отсто или еден мандат помалку.

Партијата на Јанша, со поддршка на НСи (осум пратеници), Демократите (шест пратеници) и гласовите на Ресница (пет пратеници), има повеќе од 46 пратеници потребни за парламентарно мнозинство, а двајца пратеници од малцинството би можеле да ѝ се приклучат.

Според извештаите во словенечките медиуми, најмалку двајца пратеници од Демократите се сомневаат во приклучувањето кон десничарската влада, иако Логар ги нарекува сите шпекулации за неединство бесмислени.

Сега сè зависи од претседателката Наташа Пирц Мусар, која од понеделник, 20 април, ќе води консултации за кандидатот за премиер – првиот круг се одржува помеѓу 20 и 24 април, а рокот за предлагање премиер е 10 мај.

Според проценката на аналитичарите од ПОП ТВ, веројатно е дека Јанша би можел да дојде кај претседателот со 46 потписи на поддршка веќе на првата средба.

 

 

Најнови вести од: Регион

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Кога стартува ЕТИАС и што значи тоа за македонските граѓани?!

Македонските граѓани кои планираат патувања во земјите од Европската Унија наскоро ќе соочат со уште една нова административна процедура пред да тргнат на пат. По пристапувањето кон Влезно-излезниот систем на ЕУ (EES), вниманието на јавноста и патниците од регионот се насочува кон ЕТИАС (ETIAS) – електронскиот систем за овластување за патување, наменет за сите државјани […]

Најнови вести

To top