Регион

Како да им се олесни престојот во Шенген зоната на камионџиите

Прашањето за проблемите на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот

Министри од шесте земји од Западниот Балкан и претставници на Европската комисија денеска ќе одржат состанок во онлајн формат посветен на предизвиците со кои се соочуваат превозниците од регионот при патување и престој во Шенген зоната.

Според најавите, на состанокот ќе присуствуваа министри за внатрешни работи, за транспорт и за европски прашања од земјите од Западниот Балкан и претставници на генералните директорати на Европската комисија за проширување и источно партнерство (ДГ ИНЕСТ), за мобилност и транспорт (ДГ МОВЕ) и за миграција и внатрешни работи (ДГ ХОМЕ).

Прашањето за проблемите на превозниците беше актуализирано со минатонеделната блокада на граничните премини кон Шенген зоната од страна на камионџиите во регионот, по што во средата се одржа средба меѓу претставници на Комисијата и амбасадорите на шесте земји од Западен Балкан во ЕУ.

Портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт, во петокот изјави дека Комисијата е свесна за загриженоста што ја изразија транспортните оператори од Западен Балкан, внимателно ја следи ситуацијата и е во контакт со партнерите од регионот.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top