Регион

Костадин Костадинов јавно призна: Бугарија во Втората светска војна имала фашистичка власт

Костадин Костадинов јавно си призна

Лидерот на бугарската партија „Преродба“ (Възраждане), Костадин Костадинов, во видеообраќање објавено на социјалните мрежи отворено изјави дека Бугарија во периодот на Втората светска војна имала фашистичка власт.

Држејќи историска фотографија, Костадинов објасни дека слични снимки биле масовно распространувани и поставувани на агитациски табли низ бугарските села и градови, со цел да се покаже „што ги чека непријателите на царска Бугарија“ и „непријателите на фашистичката власт“.

„Затоа што да, Бугарија имаше фашистичка власт. Колку и денешните ревизионисти да се обидуваат да кажат дека тоа не бил класичен фашизам, туку авторитаризам и така натаму… Како сакате наречете го, драги ревизионисти и фалсификатори – ние Бугарите знаеме дека тоа е фашизам“, изјави Костадинов.

Со оваа изјава, лидерот на една од највидливите националистички партии во Бугарија директно противречи на наративите кои често се промовираат од одредени бугарски политички и историски кругови, според кои режимот на цар Борис III и владата во тој период не биле фашистички.

Видеото предизвика значаен интерес на социјалните мрежи, особено во Македонија, каде што историските толкувања за улогата на Бугарија во Втората светска војна и окупацијата на македонските територии остануваат чувствителна и контроверзна тема.

Најнови вести од: Регион

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

БИА ги отфрла обвинувањата за незаконско следење и посочува дека имаат цел да ја дестаблизираат Србија

Од БИА истакнуваат дека и во најтешките времиња работата на Агенцијата ја носеле чесни луѓе кои својот живот го посветиле на заштитата на Република Србија и нејзините граѓани.

To top