Регион

Крај за нови работници од Балканот – Германија ја затвора квотата за луѓе од нашиот регион

Загриженоста дека странските работници би можеле да го оптоварат германскиот социјален систем не е оправдана, бидејќи Западнобалканската регулатива подразбира дека работниците доаѓаат со важечки договор за работа што им обезбедува егзистенција.

Квотата за издавање германски работни дозволи врз основа на посебната, преференцијална Западнобалканска регулатива за 2025 година е исполнета и до крајот на годината нема да се одобруваат нови барања. Според процедурата усвоена во јуни 2024 година, германските работодавци бараат претходно одобрение од агенцијата за вработување, а потоа работниците од Западен Балкан со кои склучиле договор за работа ги добиваат потребните документи во конзуларните претставништва по забрзана постапка, заедно со тој договор и дозвола.

  • Во јуни 2024 година, годишниот контингент на такви работни дозволи беше зголемен на 50.000, пренесува Бета.

Германската агенција за вработување ги извести работодавците дека до почетокот на декември се доделени сите 50.000 работни дозволи и оти сите идни барања за оваа година ќе бидат одбиени. Тие одбиени барања нема автоматски да се пренесат во следната година, туку работодавците ќе мора да поднесат ново барање, но тоа ново барање, за следната година, можат да го поднесат веќе во декември.

Посебната Западнобалканска регулатива се однесува на работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија.

Меѓутоа, владејачката германска коалиција на демохристијаните (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) во коалицискиот договор се договори да го преполови бројот од 50.000 бенефицирани барања за работници од Западен Балкан, што главно наиде на критики од здруженијата на работодавци.

Особено на таков план се спротивстави Германското здружение на хотелиери и угостители (DEHOGA), кое соопшти дека на угостителството сè уште му се потребни мотивирани работници и дека бројот на работни дозволи според Западнобалканската регулатива дури треба да се зголеми и да се прошири и на други земји.

DEHOGA наведе и дека загриженоста дека странските работници би можеле да го оптоварат германскиот социјален систем не е оправдана, бидејќи Западнобалканската регулатива подразбира дека работниците доаѓаат со важечки договор за работа што им обезбедува егзистенција.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

To top