Регион

Лажниот свештеник Стефанов не престанува да предизвикува скандали во Софија (ВИДЕО)

Бугаринот Атанас Стефанов, кој често се појавува на јавни места и се претставува како свештеник, иако не е дел од клирот на Бугарската православна црква, направи нов инцидент

Бугаринот Атанас Стефанов, кој често се појавува на јавни места и се претставува како свештеник, иако не е дел од клирот на Бугарската православна црква, направи нов инцидент пред Министерството за надворешни работи во Софија – тој застана пред службеното возило во кое беше министерката за надворешни работи Надежда Нејнски и извикуваше клетви и навреди кон неа.
Снимка од последниот јавен „перформанс“ на лажниот свештеник е објавена на социјалните мрежи.

Стефанов предизвика повеќе инциденти во последниве години. Тој, според бугарските медиуми, пред само неколку дена влегол во партиска канцеларија и се однесувал агресивно кон луѓето кои биле во неа. Лани, пак, тој се фрли пред колоната возила на украинскиот претседател Володимир Зеленски во центарот на Софија, извикувајќи навреди, по што полицијата го уапси. Претходно, тој предизвика инцидент кога јавно ги навредуваше и беше агресивен кон поранешниот бугарски премиер Кирил Петков и неколкумина членови на неговата партија.

 

 

 

 

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top