Регион

Летаа клоци и боксови во бугарскиот парламент(ВИДЕО)

Сериозен инцидент се случи денеска во пленарната сала на бугарското Народно собрание, кога двајца пратеници физички се судрија со размена на удари со нозе и раце.

Сериозен инцидент се случи денеска во пленарната сала на бугарското Народно собрание, кога двајца пратеници физички се судрија со размена на удари со нозе и раце.

Според снимките од камерите, пратеникот од партијата МЕЧ (Морал, Единство, Чест), Радостин Василев, и Гјунај Далоолу од ДПС-Нов почеток најпрво размениле остри зборови и навреди. Во ескалацијата, Василев го ритнал Далоолу во градите со нога, додека седел на своето место, и се обидел да го удри со тупаница, но ударот не погодил.

Во инцидентот веднаш интервенирале други пратеници, кои ги разделиле двајцата. Претседателката на парламентот, Раја Назарјан, прогласи пауза во седницата.
Во моментот на судирот, од говорницата се обраќал министерот за енергетика Жечо Станков, кој го прекинал говорот и ја информирал претседателката за физичкиот судир.

Причините за конфликтот засега не се официјално соопштени, но инцидентот се случил во период на високи политички тензии во Бугарија.
Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за нивото на политичка култура и безбедноста во законодавниот дом. Засега нема информации за дисциплински мерки или санкции против инволвираните пратеници.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top