Регион

Македонците во Грција се најзагрозено малцинство во Европа

Ова го тврди Евгенија Нацулиду, претставничка на организацијата „Крсте Мисирков“ од Грција според која Атина од 1923 година до денес не признала ниту еден словенски јазик, иако со протокол на тогашното Друштво на народите беше обврзана да обезбеди заштита на малцинствата на териториите стекнати по Првата светска војна

 

 

Грчките власти и понатаму ја негираат самата егзистенција на Македонците во земјата а македонската заедница во Грција е една од најзапоставените и најзагрозените малцинства во Европа, вели  Нацулиду, претставничка на организацијата „Крсте Мисирков“ од Грција.

„Официјалната позиција е дека во Грција нема малцинства, освен муслиманската заедница во Западна Тракија, која е призната со Лозанската спогодба.

Но, дури и таа заедница не е признаена во Атина, Солун или на островите Коз и Родос, каде што исто така постои“, нагласува Нацулиду во интервјуто за весникот „Приморски дневник“ (дневен весник кој на словенечки јазик се издава во Трст, Италија) .

Според неа најголемиот дел од Македонците кои јавно ја изразуваат својата припадност живеат во Централна и Западна Македонија.

„Грција ја оспорува нашата култура и јазик, тврдејќи дека македонскиот е само дијалект на бугарскиот. Но, ако е така, тогаш би требало да ја признае барем бугарската заедница – нешто што никогаш не го направила“, додава Нацулиду.

Според неа, Грција од 1923 година до денес не признала ниту еден словенски јазик, иако со протокол на тогашното Друштво на народите беше обврзана да обезбеди заштита на малцинствата на териториите стекнати по Првата светска војна.

„Овој документ е ратификуван, но и по повеќе од еден век Грција одбива да го спроведе, и покрај нашите постојани барања“, вели таа.

Нацулиду неодамна присуствуваше во Нови Сад на конференција на ФУЕН (Федерална унија на европските националности, во која членуваат повеќе од 100 организации кои ги ги претставуваат етничките, јазичните и националните малцинства во Европа). Организацијата „Крсте Мисирков“ е членка на ФУЕН.

 

Најнови вести од: Регион

„Падна“ првата оставка во новата техничка влада на Бугарија – се повлече вицепремиерот Цицелков

Новата техничка влада што вчера стапи на должност, веќе остана без еден вицепремиер – Стоил Цицелков, вицепремиерот за фер избори. Цицелков денеска поднесе оставка по информацијата дека бил уапсен поради возење под дејство и поради користење марихуана. Случајот почна од парламентот вчера, кога пратениците го нападнаа Цицелков со информациите за апсењето и уживањето марихуана.

Бугарска работа: Шоферот да се одмори, а другите нека чекаат! (ВИДЕО)

Во Софија, на еден од централните семафори среде ден, се одигра вистинска сообраќајна комедија: шоферот, очигледно исцрпен од градскиот метеж, решил дека црвеното светло е најдоброто време за краток одмор.

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

Најнови вести

To top