Регион

Милановиќ: Хрватска треба да не се пика во Коалицијата на подготвените

Не сакам хрватските политичари и лидери да бидат меѓу виновните и одговорните

CREATOR: gd-jpeg v1.0 (using IJG JPEG v62), quality = 82

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Загреб треба да го гледа својот интерес и да „не се пика во Коалицијата на подготвените“.

-Во овие моменти на конфузија во Европа и драма која сè уште чека катарза во Украина, каде што загинаа илјадници војници, можеме само да се надеваме дека ќе има повеќе разум. Не сакам хрватските политичари и лидери да бидат меѓу виновните и одговорните, бидејќи нема потреба за тоа, изјави Милановиќ на прославата на 34-годишнината од Хрватската воена академија „Д-р Фрањо Туѓман“ во Загреб.

Тој предупреди дека „Европа драматично се сменила“, но има промена и во НАТО поради ставовите на САД.

-Слушаме за изворите на заканата, не само од генералниот секретар на НАТО, туку и од неколку претседатели на држави и влади на најголемите европски земји. Слушаме за фактот дека е прашање на денови кога ќе има конфликт со Русија. Луѓето стравуваат и се плашат, дали е вистина и дали е можно? Мислам дека не е, и мислам оти е од другата страна на умот, посочи Милановиќ.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

Најнови вести

To top