Македонија Регион

„МКД.мк:“ ЕУ и ОН замрзнаа финансирање проект на Косово, што му оддава „чест“ на албанскиот нацистички соработник Џафер Дева!

„Поранешниот дом на Џафер Дева, министер за внатрешни работи во колаборационистичката влада на Албанија, требаше да биде претворен во културен центар, пишува ЏТА. Но, по бурните реакции во јавноста, Европската Унија и Обединетите нации го замрзнаа финансирањето за проект што требаше да му оддаде ‘почит’ на албанскиот нацистички соработник во Косово Џафер Дева, кој бил министер за внатрешни работи во колаборационистичката влада на Албанија во 1944 година. Дел од неговите должности било регрутирањето косовски Албанци во единици на Вафен-СС, елитната нацистичка формација поврзана со многубројни злосторства, меѓу другите и против Евреи и Срби.“ – пишува информативниот портал „МКД.мк“.

Натаму порталот пишува: Поранешниот дом на Дева во Митровица бил изграден во 1930 година и се наоѓа на привремената листа на заштитени културно-историски споменици во Косово, според Балкан инсајт. Европската Унија и Програмата за развој на Обединетите нации планирале да го реновираат и да го претворат во културен центар. „Програмата за развој на Обединетите нации и Европската Унија изразуваат длабоко жалење за секоја ненамерна навреда, предизвикана со најавата за почеток на работите без наведување на историското минато на Џафер Дева“, соопштија институциите во заедничка изјава во средата.

Одлуката следува по протестите на Центарот „Симон Визентал“. „Дева е симбол на соработката на Албанците со нацистите и на улогата што ја имале во злосторствата врз Србите и Евреите“, напиша Ефраим Зуроф, директор за Источна Европа во Центарот, во писмо испратено претходно оваа недела до амбасадорот на Европската Унија во Израел, Димитер Цанчев.

Министерот за култура, млади и спорт на Косово, во објава на Фејсбук, тврдеше дека куќата има историско и архитектонско значење. „Реставрацијата на спомениците се прави за да ѝ служи на заедницата, а не за историски ревизионизам или рехабилитација на личности“, напиша Хајрула Чеку.

Албанија, земја со доминантно муслиманско население, е една од ретките држави, во кои заштитата на Евреите за време на нацистичката окупација била широко распространета. Делумно благодарение на она, што локалното население го нарекува „беса“, локален кодекс на чест и соседска солидарност, Албанците спасиле околу 2.000 Евреи, вклучително и многу бегалци од соседните земји. Паралелно со тоа, стотици Албанци служеле во Првата албанска дивизија на Вафен-СС. Голем дел од регрутите биле од Босна и од Косово, кое за време на германската и италијанската окупација било административно обединето со Албанија, вели ЏТА. Деталите за нивните активности не се целосно утврдени, но познато е дека учествувале во апсењето Евреи, na дел од групата од најмалку 249 косовски Евреи што завршиле во концентрациониот логор Берген-Белзен во Германија. – објави „МКД.мк“.

Најнови вести од: Македонија Регион

Прочка – празник за проштавање и покајание – Како, кому и колку да простуваме?!

Прочка или Велики поклади – ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот пост. Прочка е подвижен празник, датата му се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред  Велигден. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов […]

(Видео): Нема решение без систем, а ни “С ” од систем без одговорност, реагира „Анима мунди“

Популацијата на бездомни животни е предвидлив, математички објаснив феномен -секое нестерилизирано животно создава експоненцијален раст на нови генерации. Затоа мерки како масовно стационирање, дислокации или еутаназија никаде не дале трајни резултати. Напротив, создаваат „вакуум ефект“ – испразнетиот простор повторно се пополнува ако изворот остане неконтролиран.

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

(Видео): Партиските притисоци од СДСМ и ДУИ разрешувале судии за еден ден, се одело по насока на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност.

To top