Регион

Монтгомери: САД сега имаат поинаков пристап кон Западен Балкан

Добар знак е што санкциите се укинати и ако било кој ќе работи на промена на тој однос, тоа е администрацијата на Доналд Трамп

Поранешниот американски амбасадор Вилијам Монтгомери изјави дека САД сега имаат претседател чиј пристап кон Западен Балкан е различен и дека е сигурен дека неговиот поглед на Република Србија, исто така, ќе биде различен, на што укажува и укинувањето на санкциите.

Монтгомери денеска во Бања Лука изјави дека САД и новата американска администрација веќе работат на промена на односите со Западен Балкан.

-Добар знак е што санкциите се укинати и ако било кој ќе работи на промена на тој однос, тоа е администрацијата на Доналд Трамп, рече Монтгомери пред студентите на Филозофскиот факултет за неговата книга „Не/дипломатски животи – преведена на српски јазик“.

Монтгомери истакна дека постоењето на Канцеларијата на високиот претставник е едно од најитните прашања со кои тој лично има проблем, бидејќи 30 години по војната има висок претставник и БиХ ја нема својата земја во свои раце.

„Како да е земја од втора категорија. Време е овие работи да се променат“, рече Монтгомери, пренесува Срна.

Зборувајќи за 30 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, Монтгомери рече дека тој треба да се гледа во светлината на договорот за примирје што им даде можност на сите страни да ги потврдат своите права и да го искористат преодниот период за донесување заеднички одлуки и резолуции.

-На Дејтонскиот мировен договор му се пристапува како кон цврсто напишан збор, а на граѓаните им се потребни промени и прилагодувања, рече Монтгомери.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top