Регион

Москва го пофали Радев: Бугарија „повоздржана“ и „порационална“ кон Русија

Јуриј Пилипсон од руското Министерство за надворешни работи гледа промени во ставот на Софија за војната во Украина

Русија регистрира промена во реториката на Софија по промената на власта. Според руското Министерство за надворешни работи, ставот на Бугарија станал „повоздржан“ и добил „рационални елементи“.

Ова го изјави Јуриј Пилипсон, директор на Вториот европски оддел на руското Министерство за надворешни работи, во интервју за ТАСС.

„Откако новата влада предводена од поранешниот претседател на земјата Радев дојде на власт во Бугарија, реториката на официјална Софија на тема Русија и кризата околу Украина стана повоздржана, доби рационални елементи“, рече Пилипсон.

Според неговите зборови, осврнувајќи се на „принципот на бугарските национални интереси“, во Софија се слушаат повици Европската Унија да го преиспита својот сегашен курс, како и предупредувања за ризикот од обиди за постигнување воена победа над Русија и потребата од барање дипломатски решенија.

Пилипсон, исто така, го поврзува овој став со ставот на бугарската влада кон т.н. Коалиција на волјата, која самиот ја дефинира како „група на военоподбуцнувачи“.

Рускиот дипломат нагласи дека Москва смета дека е прерано да се зборува за создавање услови за обновување на „заемно корисна руско-бугарска соработка“.

„Во блиска иднина, ова ќе биде попречено од високото ниво на политичка зависност на Софија од Брисел“, рече Пилипсон.

Најнови вести од: Регион

Шефовите на ЕУ со осуда за Србија за погребот на воениот злосторник Младиќ на кој присуствуваа и државници

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска остро реагираа на присуството на високи српски функционери и елементите на официјална поддршка на погребот на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Популарната емисија повеќе нема да се емитува на Телевизија – новите газди не го продолжија договорот

Новата сезона на култната српска сатирична емисија „24 минути со Зоран Кесиќ“ ќе започне на 19 септември на јутјуб каналот на емисијата, соопшти авторот и новинар Зоран Кесиќ. Досега емисијата се еитуваше на телевизијата „Нова С“, но менаџментот соопшти дека таа е симната поради тоа што е прескапа и поради неуспешниот договор меѓу екипата на емисијата и претставниците на „Адриа њуз нетворк“ (АНН) – компанијата што ја поседува „Нова С“ и која неодамна доби ново раководство откако беше преземена од португалскиот инвестициски фонд „Алпак капитал“.

To top