Регион

НМ: Неонацизам е ставот на бугарските европарламентарци за исфрлање на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕП

Срамна за Софија и трагична за ЕУ и за меѓународното право е позицијата искажана јавно од страна на бугарските европарламентарци, кои ултражестоко, од позиции на тежок шовинизам со елементи на неонацизам, ја критикуваат фразата во извештајот на Томас Вајц за Македонија, во која е наведен ставот за „признавање на македонскиот јазик и идентитет“! Софија бара […]

Срамна за Софија и трагична за ЕУ и за меѓународното право е позицијата искажана јавно од страна на бугарските европарламентарци, кои ултражестоко, од позиции на тежок шовинизам со елементи на неонацизам, ја критикуваат фразата во извештајот на Томас Вајц за Македонија, во која е наведен ставот за „признавање на македонскиот јазик и идентитет“!

Софија бара овој дел од извештајот да се отфрли и да отпадне?! Експертите по меѓународно право го квалификуваат овој став на Бугарија како „тежок, можеби летален удар на меѓународното право и на европските институции, бидејќи јавно и гласно во европскиот законодавен дом се дозволува несанкционирано да се изнесуваат неонацистички позиции“- пишува Нова Македонија откако денеска во комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (афет) требаше да се разгледува извештајот за напредокот на пристапниот процес на Македонија изготвен од Томас Вајц. Гласањето е одложено за 24 јуни.

„Токму ова е вистинскиот момент, според мислења во дипломатските кругови, „целата меѓународна јавност, меѓународни институции, сите релевантни меѓународноправни организации, влади и шефови на држави во Европа и светот да се уверат дека испорачаните барања на официјална Софија се беспредметни и ништовни во контекст на меѓународното право (во смисла на врховното право и принципи јус когенс), односно дека официјална Бугарија ги гази меѓународноправните норми, кои по дефиниција се највисоки (перемпторни, обичајни) правила и принципи што се посилни од диспозитивното т.е. пишано право (jus dispositivum)!

Во овие норми спаѓаат правото на самоопределување и интегритет, правото на правна и суверена еднаквост, правото на државен и територијален суверенитет и интегритет, правото на немешање во внатрешните работи итн.

Наведениве норми се посилни и од нормите содржани во уставите (на државите) и меѓународните договори и конвенции и овие норми и принципи не се подложни на дерогирање“!

Оркестриран е атакот на бугарски европарламентарци кон предлог-официјалниот извештај за напредокот на Македонија (подготвен од страна на работната група што ја предводи Томас Вајц). Освен навреди, клевети и изблици на неонацизам и шовинизам, има и барања за оставка на известувачот и повлекување на извештајот од процедура, како и закани на негова лична адреса.

Порталот „ЕУлајв“ објави долг извештај за случувањата околу извештајот на Томас Вајц во Европскиот парламент. Имено, и таму се наведува дека „причина за бугарските ирационални реакции е амандманот во кој стои ’со почитување и признавање на македонскиот јазик и идентитет‘“. Имено, според споменатиот портал, Софија го обвинува Вајц „за координација со Скопјe за да се изготви едностран извештај, за прикривање критични состаноци, за протекување доверливи нацрти, за маргинализирање на спротивставените гласови и за неисполнување на својата должност како неутрален известувач“. (?!) Известувачот Вајц ги отфрли овие обвинувања, и незагрижено изјави во јавноста дека неговиот извештај вклучува „општи референци и права на малцинствата“.

Најнови вести од: Регион

Од сега сите политички реклами мора да откријат кој ги платил

Правилата, исто така, бараат информации за тоа дали рекламата е насочена кон одредена публика, и имаат за цел да се спречи странско мешање во европските избори. Комисијата соопшти дека регулативата ја штити и слободата на изразување и правото на јавноста на информирање, помагајќи им на граѓаните да разликуваат платена политичка содржина од уреднички материјал или лични политички мислења, и на тој начин го зајакнува интегритетот на изборите.

Економски шок за Србија: Санкциите врз НИС стапуваат во сила

По осум одложувања, од денеска наутро стапуваат во сила американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС), компанија во мнозинска сопственост на руски Газпромнефт, што ја прави една од столбите на српската економија

Загадување под данок: Србија во борба против аерозагадувањето

Од следната година, српските производители на цемент, железо, челик, алуминиум, минерални ѓубрива и електрична енергија – фирми кои се сметаат за главни виновници за аерозагадувањето поради нивните операции – ќе мораат да уплатуваат специјален надоместок кон буџетот на државата

Халид Бешлиќ не беше само одличен пејач, туку и симбол на добрина, велат од „Кроација рекордс“

Според медиумите од регионот, пејачот своите последни моменти ги поминал во Клиничкиот центар во Сараево, бидејќи веќе некое време бил во болница. Бешлиќ пред неколку години бил приморан да го промени својот стил на живот поради здравствени проблеми.

To top