Македонија

Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот идентитет

Не“убедуваа дека само да го смениме Уставот и готово, сите наши проблеми ќе бидат решени, треба да излезат пред македонските граѓани и да им се извинат

На талибански начин се брише македонскиот идентитет оцени денеска премиреоТ Христијан Мицкоски.

„ Тоа дочекавме како народ во 21 век, изјави денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира најавите од Бугарија дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Македонија.

„не убедуваа дека само да го смениме Уставот и готово, сите наши проблеми ќе бидат решени, треба да излезат пред македонските граѓани и да им се извинат. но она што е важно да се напомене е оној мал чекор кога помина на Комитетот за надворешни работи и македонски јазик и македонски идентитет и ќе остане во колективната меморија дека за првпат некогаш поминал македонски идентитет и македонски јазик во главниот град на ЕУ – Брисел во седиштето на европската демократија, во седиштето на ЕП“, рече Мицкоски.

„И сега сите тие што манипулираа во минатото, сите кои што не убедуваа дека само да го смениме Уставот и готово, сите наши проблеми ќе бидат решени, треба да излезат пред македонските граѓани и да им се извинат. И не само пред македонските граѓани, туку и пред вистинските добронамерници коишто доаѓаат и надвор од Македонија, дека не ја говореа вистината или појма немаа од водење политика. За жал, оние егзибиции кои седум години се случуваа кај нас, дома, тука, не доведоа до една ваква ситуација да еве гледате, би рекол, има еден збор да го употребам, но не би сакал да го употребам, но ќе го употребам, ќе одам чекор понапред, на талибански начин се брише македонскиот идентитет и македонскиот јазик од Извештајот во ЕП. Тоа дочекавме како народ во 21 век. Ете тоа ни го направија Бујар Османи, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и останатите“,

Како што информираше на Фејсбук бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕНП), Прогресивниот сојуз на социјалистите и демократите (С&Д) и Обнова – се согласиле да ги отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија.

Според него, темите за идентитетот и јазикот немаат место во извештајот за напредокот на земја што аплицира за членство во ЕУ.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top