Регион

Пад на наталитетот во Бугарија за една третина во последните три децении

Деведесет проценти од Бугарките го раѓаат своето прво дете по 30. година од животот

Според бугарскиот Национален статистички институт, стапката на наталитет во Бугарија се намалила за 33 проценти во последните три децении – од 79.442 живородени деца во 1994 година на 53.428 во 2024 година.

Сè повеќе двојки го одложуваат родителството. Просечната возраст на мајките при првото раѓање сега достигна 27,6 години, што е сè уште подобро од просечната возраст за Европа од 30-31 година, но тоа се должи на малата малцинска група „деца кои раѓаат деца“. Останатите 90 отсто од бугарските жени раѓаат по 30-годишна возраст.

Просечниот број деца по жена во Бугарија останува под 2,1 потребни за природна репродукција на нацијата и е само 1,72. Бугарија е меѓу земјите во Европската унија со најбрзо стареечко население.

Алармантниот тренд го споделија експерти од Бугарското здружение за стерилитет и репродуктивно здравје (BASRH) за време на настанот со кој започна националната информативна кампања „Invitro in Bulgaria“.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top