Регион

Пекол во Србија: Во Чачак измерени 50 степени Целзиусови!

Ненормално е жешко, не можете да дишете, не можете да функционирате, изјави жителка на Чачак за агенцијата РИНА

Топлотниот бран што ја зафати цела Србија го погоди Чачак со полна сила, високите температури ги испразнија улиците во градот, а во попладневните часови, на еден од мерачите во центарот измери и до 50 степени Целзиусови.

Граѓаните велат дека никогаш не почувствувале таква топлина, а повеќето одлучиле да останат во своите домови или да побараат засолниште на места каде што е можно да се разладат.

„Чачак денеска е град на духови, нема жива душа. Ненормално е жешко. Не знам колку е официјално измерената температура, но субјективното чувство е точно како да е 50 степени. Не можете да дишете, не можете да функционирате“, изјави за агенцијата РИНА една од ретките жени од Чачак што ја сретнале на улица.

 

Најнови вести од: Регион

Пак тепачка во албанскиот парламент: пратеници запалија сигнални ракети, му исклучија микрофон на Бериша, кој се закани со „кршење глави на криминалците од власта“!

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа седницата на парламентот со активирање сигнални ракети, по неколкунеделните насилни антивладини протести што ги организираат студентите, барајќи оставка од премиерот Еди Рама.

To top