Регион

Потврдени случаи на западнонилска треска во Хрватска и во Албанија

Вирусот се размножува кај птиците, кои се главни извори на инфекција, и не се пренесува од човек на човек туку со каснување од комарец

Три лица во Хрватска се разболеле откако се заразиле со вирусот Западен Нил во текот на јули и август, потврди Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) за RTL Danas.

Од Инситутот експлицитно наведуваат дека болеста не се пренесува преку контакт од човек на човек.

„Птиците се главни домаќини на вирусот. Вирусот се размножува кај птиците, кои се главни извори на инфекција. Вирусот се пренесува на исклучително случајни домаќини: луѓе, копитари или други цицачи преку каснување од заразен комарец“.

И во Албанија е потврден првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман.

„Заразеното лице е жител на градот Корча.  Кога добил увид од комарец бил  во градината, каде што го поминувал поголемиот дел од времето. Отишол во болница на лекување, а по тестовите се потврдило дека е заразен од западнонилска треска, објавија медиумите повикувајќи се на албанскиот Институт за јавно здравје.

Според истиот извор од почетокот на јануари 2026 година, тестирани биле 30 примероци од сомнителни случаи на инфекција со WNV, кои биле негативни.

Случаајот е пријавен и во ECDC, Европскиот центар за превенција и контрола на болести, каде што Албанија штотуку се придружи на мапата на европски земји како што се Италија, каде досега има 311 случаи на западнонилска треска, Грција 157 и соседна Македонија 37, наведуваат од Институтот.

Најнови вести од: Регион

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

Бугарија сака македонските Голо брдо, Преспа и Гора да бидат бугарски (ВИДЕО)

„ Сè се направи со директен притисок врз Албанија. Или ќе признаете бугарско малцинство, или во спротивно ќе бидете блокирани на вашиот пат кон Европската Унија“, констатира Стерјовски

Словенија се откажува од „деветолетката“, по лошите податоци од ПИСА

Дури 40 проценти од учениците наведуваат дека нивните врсници на часовите не ги слушаат наставниците, 22 проценти истакнуваат дека дигиталните уреди зачестено ги попречуваат во следењето на наставата, додека 48 проценти од учениците користат алатки за вештачка интелигенција за изработка на училишните задачи.

To top