Регион

ВИДЕО: Пратеник истепа граѓанин на плоштад во Приштина

Инцидент

Пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Арменд Земај истепа случаен минувач на плоштадот во косовскиот главен град Приштина.

Настанот се случил додека Земај давал изјава на плоштадот, кога граѓанин на поминување му дофрлил „лажго“ и „сите лажете“. Пратеникот возвратил, а вербалната расправија набрзо преминала во размена на тупаници, во која минувачот го извлекол подебелиот крај.

Косовската полиција потврди дека инцидентот навистина се случил, а јавноста бурно реагираше откако видеото беше објавено на мрежата „Х“.

Демократскиот сојуз на Косово веднаш го осуди нападот, опишувајќи го како „директно прекршување на институционалното достоинство и демократската култура“.

„Денес, за време на јавно интервју, се случи непријатна ситуација поради која искрено жалам. Еден граѓанин, не знам дали случајно или намерно, ме навреди и вербално ме провоцираше со неприфатливи зборови, пред медиумите и новинарот кој го спроведуваше интервјуто. Во тој момент реагирав во самоодбрана, во емоционална состојба, што не ги претставува моите лични убедувања ниту принципите што ги застапувам како пратеник и како член на ДСК. Во вакви случаи, без разлика на провокацијата, насилството во било каква форма не е вистинскиот одговор. За овој чин изразувам жалење и јавно се извинувам“, напиша Земај.

 

По инцидентот, пратеникот Земај се огласи на својот Фејсбук-профил, изразувајќи жалење и извинување за случката, додавајќи дека реагирал во самоодбрана.

 

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top