Регион

Пратеник украл таен воен договор со САД (ВИДЕО)

Хаос во канцелариите на Парламентот на Албанија – секретарка паѓа по скали во обид да го врати договорот

Пратеникот од опозициската Демократска партија Агрон Шехај украл доверлива копија од воениот договор меѓу Албанија и САД.

Секретаркат во Парламентот од која е украден тајниот договор паднала по скалите додека се обидувала да го запре крадецот пратеник.

Албанскиот парламент предходно одобри договор за заем со САД вреден 302 милиони евра.

Со договорот Албанија ќе добие средства за купување воена опрема произведена во САД.

Договорот беше усвоен со поддршка на владејачкото социјалистичко мнозинство, добивајќи 74 гласа.

Главната опозициска Демократска партија го бојкотираше гласањето, велејќи дека еднодневниот, забрзан процес на одобрување на законот е неуставен.

https://x.com/kos_data/status/2081801344944632098

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top