Регион

Претседателот Вучиќ на претстојните избори во Србија ќе „трча“ за премиер

Ако биде избран, Вучиќ најави сведување на новиот владин кабинет на 12 министри наместо сегашните 31

Главниот одбор на Српската напредна странка (СНС) денеска во Ниш едногласно реши претседателот на државата Александар Вучиќ да биде носител на партиската листа за претстојните парламентарни избори и кандидат за нов премиер.

„Александар Вучиќ е персонификација на слободна, силна, суверена и победничка Србија“, рече претседателката на Собранието на Србија и членка на раководството на СНС, Ана Брнабиќ.

Вучиќ од своја страна порача дека, ако биде избран, ќе го сведе новиот владин кабинет на 12 министри, наместо сегашните 31, од кои петмина се без ресор.

Тој најави дека изборите ќе ги распише на 9 или 10 септември, а можни датуми за нивно одржување се 18 и 25 октомври.

 

 

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top