Регион

Рама: Албанската влада ќе има прва „министерка“, создадена со вештачка интелигенција, ќе се вика Диела и ќе биде „одговорна“ за тендерите!

Само дилема е: колкава, или каква „плата“ ќе прима Диела?

„За прв пат во Албанија, а можеби и во светот, владата ќе има министерка, создаден со вештачка интелигенција. За време на состанокот на Националното собрание на Социјалистичката партија премиерот Еди Рама ја претстави првата министерка во историјата, создадена со вештачка интелигенција, наречена Диела.“ – објави Еуроњуз Албанија.

Во веста порталот дополнува: Рама рече дека државната министерка по име Диела „ќе раководи и со јавните набавки како одговорна за тендерите“. Како што нагласи албанскиот премиер Рама, „со овој избор тие ќе бидат некорумпирани“

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top