Регион

Рама со критика и закана до државната телевизија

Вели дека не ја следел програмата на РТШ од 1990 година, а сега како опција најави и нејзино затворање

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече менаџментот на Албанската радио-телевизија (РТШ) „најмизерната служба на светот“ и изјави дека јавниот медиумски сервис треба да се реформира.

Рама нагласи дека нема да се издвојуваат јавни пари се додека не се спроведат реформми во РТШ. Според него, сите опции се на маса, вклучувајќи затворање, приватизација или партнерство.

Премиерот на Албанија го критикуваше долгорочното функционирање на РТШ, наведувајќи дека јавниот сервис е неуспешен и оти неговото работење е полошо од помалите комерцијални телевизиски станици со помал буџет. Тој додаде дека не ја следел програмата на РТШ од 1990 година и оти претходно им дал можност на директорите да ја подобрат својата работа, но без успех.

Здружението на новинари на Албанија реагираше на изјавите на албанскиот премиер, оценувајќи дека неговата реторика „ги стигматизира јавните медиуми“ и предлага драстични решенија што „сериозно би го загрозиле медиумскиот плурализам и уредничката независност“.

Здружението нагласи дека РТШ е институција од јавен интерес, која мора да гарантира непристрасно информирање, култура, образование и еднаков пристап до граѓаните.

Екстремните опции како што се затворање или приватизација, посочија тие, сериозно би го загрозиле правото на јавноста на информации.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top