Регион

Република Српска избира наследник на Милорад Додик

Граѓаните на Република Српска денес ќе го изберат наследник на Милорад Додик, кој беше отстранет од функцијата од страна на судот по сериозна политичка криза. Повеќето избирачки места се отворија на време, наведуваат локалните медиуми.

facebook.com/mdodik.official

Граѓаните на Република Српска денес ќе го изберат наследник на Милорад Додик, кој беше отстранет од функцијата од страна на судот по сериозна политичка криза. Повеќето избирачки места се отворија на време, наведуваат локалните медиуми.

Изборите беа распишани откако Милорад Додик го загуби мандатот врз основа на конечната пресуда на Судот на БиХ со која беше осуден на една година затвор за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.

Гласачите ќе можат да гласаат за еден од шесте кандидати до 19 часот, но се верува дека главната трка ќе се води помеѓу актуелниот министер во владата на РС, Синиша Каран, кој е избор на Додик и беше номиниран во име на владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД), и Бранко Блануша, професор на Факултетот за електротехника во Бања Лука, чија кандидатура ја поднесе Српската демократска партија (СДС).

Според податоците од Централната изборна комисија на БиХ, во Република Српска се формирани 2.211 избирачки места, а според претседателот на Централната изборна комисија, Јован Калаба, повеќето избирачки места се отвориле на време.

„Имаме мали проблеми со електричната енергија во некои помали градови, но тоа ќе биде решено“, рече Калаба, пренесува Klix.ba.

Најнови вести од: Регион

Ахмети од Приштина до Хашкиот трибунал, a можеби и до некои во Македонија: Нема да нѐ скршат, исто како и семејствата на нашите другари во Хаг!

Претседателот на ДУИ Али Ахмети учествуваше на претставувањето на книгата на Ахмет Шала со наслов „Кога тишината зборува“, која се одржа денес во Приштина. Ахмети во својот говор рече дека поранешните водачи на косовската УЧК во Хашкиот трибунал се „неправедно судени со обвинувања за дела, што не ги сториле“. Ова го објавија информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА од Скопје и други медиуми на албански јазик од Балканот. 

To top