Регион

Романија воведува доброволна воена служба – ама за плата

Целта е армијата да има 120.000 лица со основна воена обука во случај на евентуален конфликт

 

 

Романската влада усвои предлог-закон со кој се предвидува воведување доброволна воена обука за млади луѓе за да се компензира застарената резерва на вооружените сили, објавија локалните медиуми, цитирани од БТА. Се очекува документот да биде одобрен од парламентот до крајот на годината.

Целта е армијата да има 120.000 лица со основна воена обука во случај на евентуален конфликт.

Во моментов, Министерството за национална одбрана се потпира на околу 70.000 активни лица и 40.000 резервисти, вклучувајќи постари лица кои не се опција во случај на војна. Покрај нив, армијата има и околу 3.000 доброволни резервисти кои се обучени во текот на изминатите две години.

Според одобрениот нацрт, романските граѓани – мажи и жени на возраст меѓу 18 и 35 години – ќе можат да побараат од Министерството за национална одбрана доброволно да учествуваат во програма за основна воена обука, која ќе трае до четири месеци. Обуката се однесува на лица кои не отслужиле активна воена служба и не се во резерва, забележува „Агерпрес“.

За време на нивното учество во програмата, волонтерите, кои претходно поминале тест за физичка подготвеност, ќе имаат право на бесплатен сместување, опрема и храна, здравствена заштита и лекови, како и месечен надоместок.

Платата е е 4.000-5.000 леи (787-984 евра) месечно.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top