Регион

Русија обвинува: Бугарија планира да гради голема НАТО-база

Ова го изјави за „Известија“ руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова,

 

Во рамките на меѓувладиниот договор со Италија за соработка во областа на одбраната, Бугарија планира да ја изгради најголемата база на НАТО во земјата.

„Земјите-членки на Алијансата не ја кријат својата намера да продолжат со милитаризацијата на источното крило. Во случајот со Бугарија, плановите вклучуваат не само изградба на најголемата база на НАТО во земјата според договор со Италија, туку и купување ново оружје, создавање „коридори за воена мобилност“ за „олеснување на движењето на трупите“ и други иницијативи“, рече амбасадорката објави Њуз.бг.
.
Митрофанова истакна дека властите во Бугарија, исто така, постојано ја споменуваат потребата од подготовка за евентуално зголемување на контингентот на НАТО од 1,2 илјади на 5 илјади војници.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека на 13 август, Советот на министри на Бугарија одобри нацрт-меѓувладин договор со Италија за соработка во областа на одбраната.

Според дипломатот, проектот предвидува заедничка изградба и користење на воени објекти во регионот Кабиле, каде што е планирано да се распореди мултинационална борбена и тактичка група на НАТО предводена од Италија.

Планот вклучува развој на инфраструктурата од големи размери, вклучително и изградба на нови касарни и патишта.

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top