Регион

Скандал во Албанија: Опозицијата го обвини Ферит Хоџа дека Албанците во Македонија ги нарекол „идиоти“

Од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија категорично ги отфрлија обвинувањата.

Опозициската Демократска партија во Албанија денеска објави остри обвинувања против министерот за надворешни работи Ферит Хоџа, тврдејќи дека во групна комуникација на „Вацап“ употребил навредлив израз кон Албанците во Македонија.

Според телевизијата „Топ ченл“, пратеничката Белинда Келичи и шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газмент Барди, објавиле порака во која, како што тврдат, Хоџа наводно рекол: „Што велат тие албански идиоти“.

Газмент Барди ја нарече изјавата „скандалозна и неприфатлива“ и побара итна оставка од министерот Хоџа.

„Оваа изјава е достојна само за Никола Пашиќ или Васа Чубриловиќ. Таквата реторика е спротивна на член 8 од Уставот на Република Албанија. Ферит Хоџа мора веднаш да поднесе оставка. Премиерот Еди Рама има политичка и институционална обврска јавно да се дистанцира од оваа навредлива реторика која потсетува на темната минатост“, изјави Барди.

Од Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија категорично ги отфрлија обвинувањата. Портпаролот Алтео Хиси соопшти дека публикациите дистрибуирани на социјалните мрежи се невистинити и немаат никаква врска со реалноста.

Најнови вести од: Регион

Вучиќ: Ќе тргнат по мене – за да ме отстранат, убијат, уапсат… (ВИДЕО)

Најави штрајк со глад. при што има намера писмено да им забрани на лекарите да му пружаат медицинска помош, и откри дека ги предупредил членовите на своето семејство да се подготват за најлошото

Врачарскиот клан се закани дека ќе го убие Александар Вучиќ!

Шефот на пратеничката група „Србија победува“ Александар Вучиќ денес изјави дека Врачарскиот клан му испратил најсериозни закани со смрт и додаде оти нема на кого да го пријави тоа бидејќи, како што вели, „полицијата е преземена од улицата и од Студентската листа“.

To top