Регион

Скандал во Грција: Нелегален софтвер на бензински пумпи крадел гориво од граѓаните

Грчката полиција утринава спроведе голема акција низ целата земја, насочена кон разоткривање на организирана криминална група која нелегално крадела гориво од купувачите. Акцијата вклучуваше повеќе од 30 истовремени претреси на бензински станици, претпријатија и приватни домови. До сега се приведени десет лица. Истражната акција, координирана од Дирекцијата за борба против организиран криминал, се одвива во различни региони, вклучувајќи ја Атика.

Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното. Од грчката полиција информираа дека досега се уапсени десет лица, а акцијата на Дирекцијата за борба против организиран криминал се спроведува областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун, Тесалија, како и во централна, северна и североисточна Грција.

  • Членовите на организацијата, со специјален нелегален софтвер што го имаа инсталирано на бензински пумпи, ги измамуваа граѓаните испорачувајќи помали количини гориво од прикажаните, информираа од полицијата.

Вакви акции за откривање криминални организации кои со специјалниот софтвер во суштина краделе бензин од граѓаните беа спроведени и во текот на минатата година.

Инаку, во март беа уапсени над 55 лица, членови на две криминални организации и беше откриено дека софтверот бил инсталиран на над 50 бензински пумпи во цела Грција, а два месеци подоцна, беа затворени пет бензински пумпи во Солун и Атина.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top