Регион

Спектакуларно бегство на опасен затвореник во Грција: соучесниците, маскирани како полициски специјалци, ги разоружале чуварите

Во северна Грција е во тек голема полициска потрага по 41-годишен затвореник од албанско потекло, кој изведе спектакуларно бегство. Настанот се случи во петокот навечер (11 септември 2026 година) околу 23:30 часот, јавуваат грчките медиуми. Иако затвореникот издржувал казна во затворот Нигрита кај Серес,  бегството се случило во Општата болница во Серес.

Затвореник избегал од затворот во Серес, во северна Грција, откако соучесници облечени како полицајци ги разоружаа затворските чувари и го извлекоа од возилото за транспорт на затвореници, јавува грчката телевизија ЕРТ. Инцидентот се случи во петокот, пред полноќта, откако надворешни затворски чувари од затворот „Нигрита“ префрлаа тројца затвореници до психијатриското одделение на Општата болница во Серес. Во болничкиот двор, во близина на психијатриското одделение, затворското возило било пресретнато од соучесници кои пристигнале со возила опремени со ротациони светла. Тие биле маскирани со униформи на специјалните полициски сили (ОПКЕ).

Вооружените напаѓачи со закана со пиштол ги неутрализирале и ги разоружале двајцата затворски чувари што биле во придружба, одземајќи му го и службеното оружје на едниот од нив. Групата веднаш побегнала од местото на настанот со возилата во непознат правец. Грчките медиуми пренесуваат дека станува збор за опасен криминалец осуден за шверц на дрога и оружје. Тој претходно бил уапсен под сомнение за вмешаност во обид за убиство во Солун, каде во бел ден пукал кон полицијата.

Полицијата веднаш започна масовна акција и ги блокираше излезите од земјата, а известен е и Интерпол. Во меѓувреме беа пронајдени возилата кои се верува дека се користени за бегството. Едно пикап возило со лажни регистарски таблички беше пронајдено удрило на земјен пат во близина на болницата, а во него полицијата откри автоматска пушка Калашников и муниција. Второто возило, кое најверојатно служело за трансфер, било пронајдено целосно запаленово близина на езерото Волви.

 

 

Најнови вести од: Регион

Грчките археолози не го даваат „за џабе“ Самоил на Бугарија

Претседателот на Здружението на грчки археолози, Јанис Карлиампас, вели дека „ова е… еднострана размена, а реликвиите што треба да ги добиеме назад (од Бугарија) се резултат на грабеж и мора да бидат вратени во целост…

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

To top