Регион

Србија ја покажа воената моќ на парадата „Силата на единството“ (ВИДЕО)

Над 10.000 војници, 2.500 парчиња оружје и друга воена техника продефилираа пред Вучиќ и гостите во Белград

Повеќе од 10.000 воени лица, околу 2.500 парчиња оружје и воена опрема, над 600 возила, 70 авиони и 20 пловни средства беа претставени на воената парада „Силата на единството“ во Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија сака мир, но знае и како да ја заштити својата територија.

„Ова е гордоста на Србија. Работевме на тоа заедно, војници и граѓани, државата и народот. Ова е и опстанок и победа на Србија, која сака мир и просперитет и знае како да го зачува своето достоинство, својата територија и својата иднина. Ова е нашата сила. Силата на единството“, нагласи Вучиќ во својата објава на Инстаграм.

Одлуката за одржување на парадата беше донесена уште во јануари, изјави претходно денес министерот за одбрана Братислав Гашиќ пред српската државна телевизија РТС.

„Деведесет проценти од прикажаната опрема е нова, а на парадата учествуваа сите видови војници на Србија“, рече Гашиќ.

Меѓу првите единици борбена опрема, прикажани на парадата, беа оклопните борбени машини „Лазар 3“, „Милош“ и „Хамер“, по што следеа противвоздушниот систем и камиказе беспилотните летала „Сенка 25“ и „Сенка 50“.

Потоа беа прикажани ракетниот систем „Пулс“ со дострел до 300 километри и руското оружје „Красуха“ – системот за електронско војување и попречување на авиони. Двата система беа набавени во 2022 година.

Видеото од парадата на линкот.

 

 

 

 

 

 

 

 

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

To top