Регион

Стартуваше новиот систем на ЕУ за гранична контрола

Граѓаните на трети земји, меѓу кои и Македонија, почнаа да влегуваат во Унијата со скенирање пасош и земање отпечатоци од прсти и фотографија

Земјите-членки на Европската унија денеска почнаа со воведување нов систем за контрола на надворешните граници на блокот, кој електронски ги регистрира податоците на државјаните на трети земји.

Системот за влез/излез (EES) е автоматизиран механизам кој бара од патниците да се регистрираат на границата со скенирање на нивните пасоши и земање отпечатоци од прсти и фотографија. Ќе се воведува постепено во текот на шест месеци.

Мерката има за цел да ги открие луѓето кои престојуваат подолго од нивните визи, да се бори против измама со идентитет и да спречи нелегална миграција, во услови на политички притисок во некои земји од ЕУ за построг став.

„Системот за влез/излез е дигиталната основа на нашата нова паневропска рамка за миграција и азил“, рече Магнус Брунер, европски комесар за внатрешни работи и миграција.

Граѓаните кои не се членки на ЕУ ќе мора да ги регистрираат своите лични податоци кога првпат ќе влезат во Шенген зоната – сите земји-членки на ЕУ освен Ирска и Кипар, но вклучувајќи ги Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. За понатамошните патувања ќе биде потребна само биометриска верификација на лицето.

Системот треба да стане целосно оперативен до 10 април 2026 година, при што печатот во пасошот ќе биде заменет со електронски запис.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top