Регион

Сто евра казна во Грција ако се пие кафе додека се вози

Во Грција и во Кипар пиењето кафе или друг пијалак за време на управување со моторно возило се смета за одвлекување на вниманието и се казнува со глоба од 100 евра и одземање на возачката дозвола на 30 дена! Мерката е дел од стратегијата за зголемување на безбедноста на патиштата, пришто властите го санкционираат секое […]

Во Грција и во Кипар пиењето кафе или друг пијалак за време на управување со моторно возило се смета за одвлекување на вниманието и се казнува со глоба од 100 евра и одземање на возачката дозвола на 30 дена!

Мерката е дел од стратегијата за зголемување на безбедноста на патиштата, пришто властите го санкционираат секое дејство што ја намалува контролата врз возилото, како што е држењето на воланот со едната рака и на чашата со кафе со другата, пишува порталот „Keep Talking Greece“.

 

 

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

To top