Регион

Татко и син загинаа во пожар што „голтна“ село во Грција

Трагедија ја потресе северна Грција откако шумски пожар се прошири во близина на Солун и однесе два живота. Според властите, загинал 66-годишен маж, а во семејната куќа подоцна било пронајдено уште едно тело, за кое се верува дека е неговиот 12-годишен син

Шумски пожар кој брзо се прошири во близина на Солун однесе два човечки живота, соопштија локалните власти во северна Грција. Според првичните информации, во стихијата настрадале татко и син, додека мајката со повреди е итно пренесена во болница, јавија медиуми

Официјалните служби соопштија детали за пронајдените жртви во зафатениот регион.

„Трагедија ја потресе северна Грција откако шумски пожар се прошири во близина на Солун и однесе два живота. Според властите, загинал 66-годишен маж, а во семејната куќа подоцна било пронајдено уште едно тело, за кое се верува дека е неговиот 12-годишен син.“

Грчките служби издале наредба за итна евакуација на селото Лити, кое брои околу 4.000 жители, а населението било префрлено на безбедно, кон локалниот спортски терен.

Пожарникарите најпрво го пронашле 66-годишниот маж во дворот на неговата куќа, која се наоѓала на работ од шумскиот предел во близина на Лити. Неговата сопруга, мајка на исчезнатото дете, била повредена и пренесена во болница во Солун со повреди главно на рацете и не е во животна опасност. Подоцна властите го пронашле и второто тело во семејниот дом, а идентификацијата е во тек.

Најнови вести од: Регион

Петков: Избравме „претседател на мирот“ – очекувам брз крај на војната во Украина

„Исто така, очекуваме голем просперитет под администрацијата на Радев: брзо решавање на проблемот со високите цени и буџетскиот дефицит, огромен пораст на приходите на граѓаните и, се разбира, целосно демонтирање на олигархијата“, вели Петков

To top