Регион

Убиен судија во Тирана додека ја читал пресудата (ВИДЕО)

Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево во Апелацискиот суд во Тирана

Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево во Апелацискиот суд во Тирана, каде сторителот Ѓан Шкемби испука три куршуми во судијата Астрит Калаја веднаш откако тој почна да ја чита одлуката за неговиот случај, што резултираше со смрт на судијата. Калаја, кој беше префрлен во Клиниката за трауматологија, подлегна на повредите, а дел од куршумите погодени и татко и син кои биле присутни, но тие се надвор од животна опасност, според полицијата.

Инцидентот се случи за време на рочиште за спор околу сопственоста на поранешна училишна зграда во Скадар (Шкодра), каде 31 семејство тужеле дека Шкемби со фалсификувани документи се прогласил за сопственик и барал евакуација. Судијата Калаја, искусен правник, бил убиен на лице место, а сторителот побегнал но бил уапсен кратко потоа. Останува нејасно како успеал да помине преку неколку безбедносни проверки и детектори за метал, што предизвикува прашања за безбедноста во судовите.

Политичките лидери реагираа шокирано: премиерот Еди Рама го нарече „црн ден за правдата“, а опозицијата бара истрага за пропустите во безбедноста. Ова е еден од најтешките напади врз правосудството во Албанија во последните години, што ја потсетува земјата на ранливоста на судскиот систем.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

To top