Регион

Учителка со селотејп му ја залепила устата на дете од градинка

Родители тврдат дека учителката му ја залепила устата на детето, а потоа го предупредила да не кажува за тоа дома бидејќи станува збор за шега

Се истражува пријава за насилство врз тригодишно дете во градинка во Враца, јавуваат бугарски медиуми.

Неговите родители тврдат дека учителката му ја залепила устата на момчето со селотејп, а потоа го предупредила да не кажува за тоа дома бидејќи станува збор за шега.

Според мајката, детето било подложено и на физичко и на психолошко насилство. Таа тврди дека ситуацијата во која се нашол нејзиниот син била опасна по живот.

Детето го раскажува инцидентот на 9 јануари, а друга учителка била сведок по што меѓу нив избувна скандал.

Директорката на училиштето, изјави дека е крајно изненадена од пријавата, бидејќи досега немало поплаки од дотичната воспитувачка.

Таа истакна дека поплаките на мајката не се потврдени.

 

Најнови вести од: Регион

И Македонија во игра, екс претседател на земја членка советува како ЕУ да стане велесила

Борут Пахор е словенечки политичар кој беше претседател на државата од 2012 до 2022 година. Претходно ја извршуваше функцијата премиер и претседател на парламентот, а важи за искусен дипломат и силен поддржувач на европската интеграција на регионот.

Најнови вести

To top