Регион

Унгарија го зголеми степенот на терористичка закана поради конфликтот на Блискиот Исток

Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта

Владата на Унгарија го зголеми степенот на опасност од тероризам како одговор на американско-израелската воена кампања против Иран, соопшти заменик-министерот за внатрешни работи Бенце Ретвари.

Како дел од мерките, ќе биде зголемено присуството на полицијата на клучните инфраструктурни локации, вклучително и на Меѓународен аеродром Ференц Лист во Будимпешта, како и на пристапните патишта кон главниот град.

Ретвари информираше дека ќе биде засилена и безбедноста на полициските складишта за оружје, а ќе се спроведуваат редовни патроли на локации од клучно значење за функционирањето на државата и снабдувањето на населението.

Полицијата ќе биде поинтензивно присутна на главните јавни сообраќајници, местата каде се собира поголем број граѓани, како и на терминалите, влезовите и пристапните патишта до аеродромот. Најавени се и случајни проверки на внатрешните шенгенски граници.

Засилени контроли ќе се спроведуваат и на патиштата што водат кон Будимпешта, а дополнителна заштита ќе биде обезбедена и за одредени амбасади.

Од аеродромот во Будимпешта соопштија дека мерките се превентивни и дека сообраќајот се одвива нормално, без прекини. Патниците се повикани да ги следат официјалните информации од надлежните институции и управата на аеродромот.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

Најнови вести

To top