Регион

Виртуелна министерка против корупцијата во Албанија

Албанската Влада, прва во светот, ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

 

 

 

На седница на Националното собрание на Социјалистичката партија премиерот Еди Рама ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела.

Таа ќе биде 17-ти член на новиот четврти по ред владин кабинет  на Еди Рама

Диела, што на албански значи Сонце, ќе ги води и доделува сите јавни тендери, за што Владата ангажира приватни компании.

„Диела е првиот член на кабинетот, кој не е физички присутен, туку е виртуелно создаден со вештачка интелигенција. Таа ќе ја претвори Албанија во земја каде што јавните тендери ќе бидат 100 проценти ослободени од корупција. Новата министерка задолжена за јавни тендери нема да биде поткуплива, нема да може да ѝ се заканува некој ниту некој да ѝ се додворува. И тоа е затоа што Диела, е бот генериран со вештачка интелигенција“, наведе Рама, претставувајќи го својот нов кабинет.

Политичките аналитичари го сметаат ова за амбициозно. Владата не наведе дали Диела ќе биде следена од луѓе или како ќе се отстрани ризикот од можна манипулација.

Многумина не веруваат во неа. „Дури и Диела ќе биде корумпирана во Албанија“, коментираше еден корисник на Фејсбук. „Кражбите ќе продолжат, а Диела ќе биде обвинета“, додаде друг.

 

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top