Регион

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“, барани со меѓународни потерница за убиства и други сторени кривични дела

Во заедничка акција на Македонската полиција, Американската ДСС и безбедносните органи на Албанија, во Драч уапсени се двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“.

Врз основа на информација од македонската полиција, во Драч спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

„При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата. Акцијата е резултат на повеќемесечна соработка на македонската полиција, американската дипломатска безбедносна служба (ДСС) и безбедносните органи на Р. Албанија“, соопшти МВР попладнево.

 

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

Најнови вести

To top