Регион

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Во интервју со Ксенија Собчак предупреди на забрзано вооружување

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ оцени дека светот се движи кон голем воен судир и дека Третата светска војна е неизбежна. Причината, според него, е забрзаното вооружување на европските земји.

Во интервју со руската новинарка Ксенија Собчак, Вучиќ предупреди на зголемувањето на воените расходи низ Европа, вклучително и во скандинавските земји, кои истовремено ги зајакнуваат своите воени капацитети.

Како пример го посочи германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“, чија добивка, според неговите тврдења, се зголемила 17 пати поради зголемената побарувачка за воена опрема.

„Не сум ниту будала ниту слеп. Ако не гледате како се вооружува Европа, тогаш намерно го игнорирате тоа. Но, зошто се вооружуваат? Со која цел?“, праша Вучиќ.

Тој ја спореди актуелната ситуација со книжевното правило познато како „Чеховљевата пушка“, според кое оружјето што се појавува на почетокот на драмата на крајот мора да биде употребено.

Според него, истата логика би можела да се примени и на Европа, каде што натрупувањето оружје би можело да заврши со вооружен конфликт.

Вучиќ посочи дека европските влади продолжуваат да ги зајакнуваат своите вооружени сили, а зголемените трошоци за одбрана ги образложуваат со потребата од заштита од Русија.

Поранешниот српски претседател изрази песимизам во однос на меѓународната безбедносна ситуација, оценувајќи дека подготовките за поголема војна стануваат сè поочигледни.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top