Регион

Вучиќ: Албанците вознемирени од српската излезност на изборите во Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментира дека Албанците се вознемирени од високата излезност на гласачите во српските енклави на Косово за време на денешните локални избори.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, коментира дека Албанците се вознемирени од високата излезност на гласачите во српските енклави на Косово за време на денешните локални избори.

Тој објасни дека Албанците од различни региони – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација против Србија во Лесковац.

„Би сакал прославата во српските заедници во Косово и Метохија вечерва да биде малку поважна од таа прослава. Исто како што тие се радуваа синоќа со албанското знаме, за вечерва за едно поважно прашање од шутирањето на топката, луѓето да се радуваат во српските заедници“, изјави Вучиќ.

Денеска во Косово се одржуваат редовни локални избори за градоначалници и советници во 38 општини. Ова се првите редовни избори по вонредните од 2023 година во северните српски општини, кои беа бојкотирани од Србите по нивното повлекување од косовските институции во 2022 година.

Право на глас имаат 2.069.098 регистрирани гласачи, кои можат да гласаат во 938 избирачки центри со вкупно 2.625 места до 19:00 часот. За градоначалници се натпреваруваат 206 кандидати (20 жени), а за советници 5.420 кандидати од 93 политички субјекти: 32 партии, две коалиции, 32 граѓански иницијативи и 27 независни кандидати.

Во изборите учествуваат 12 српски партии и иницијативи, вклучително и Српската листа како најсилна српска сила, со кандидати за градоначалници во 11 општини и за советници во 19. На северот од Косово, 21 српски кандидат се борат за градоначалнички позиции: седум во Северна Митровица, пет во Лепосавиќ, шест во Зубин Поток и три во Звечан.

Српските кандидати се од Српската листа, Граѓанската иницијатива Север за сите, За слобода, правда и опстанок, Правда и еднаквост, Српска демократија, Ново лице – Народна правда, Српско народно движење, Обединување, ГИ Корени, Српска народна слога, Косовски сојуз, како и независни кандидати.

Според прелиминарните податоци од Централната изборна комисија, вкупната излезност достигна околу 39%, со значително повисок одзив во српските општини, како во Звечан (59,75%) и Ранилуг (59,4%), што го потврдува коментарот на Вучиќ за нервозата кај Албанците.

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top