Регион

Вучиќ од Јапонија лета за САД

Претседателот на Србија  ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио во Њујорк, дознава РТС.

 

Средбата е по барање на Марко Рубио и ќе се одржи во Њујорк, каде што Вучиќ ќе учествува на Генералното собрание на ОН.

Српскиот лидер изрази надеж дека е можно да се реши прашањето за американските царини.

Тој посочи дека ќе се обиде да разговара и со американскиот секретар за финансии Скот Бесант.

Александар Вучиќ е во посета на Јапонија.

Тој изрази задоволство од разговорите што српската делегација ги имаше и со јапонскиот цар Нарухито и со премиерот Шигеру Ишиба.

Најнови вести од: Регион

Русија регрутира граѓани од Молдавија, Бугарија и Србија за хибридни напади во Европа

Според западни разузнавачки извори, регрутерите и пропагандистите кои претходно работеле за рускиот ПМЦ „Вагнер“ станале главна алатка на Кремљ за организирање саботажни операции во европските држави.

To top