Регион

За Рама, ЕУ која постои половина век, било “вековна аспирација”

Според негови зборови Албанија уште од средниот век сака да влезе во ЕУ?! Или, кога ја формирале модерната држава во 1912-та, кога ЕУ и не опостоеше.

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека „никогаш не сме биле поблиску до ЕУ“.

Рама вели дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија.

„Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга страна, ми е мило што има генерално позитивна атмосфера во овој поглед.

Многу сме блиску. Никогаш не сме биле поблиску и цврсто верувам дека ќе ги исполниме сите наши обврски како што ги предвидовме роковите со Европската комисија и заедничкиот план ќе биде целосно реализиран“, изјави без иронија албанскиот премиер Еди Рама.

Според негови зборови Албанија уште од средниот век сака да влезе во ЕУ?! Или, кога ја формирале модерната држава во 1912-та, кова ЕУ и не опостоеше.

Поради драматизацијата на работите Еди Рама го доби прекарот Еди Драма, политичар кој е познат по финтите со кои го ругаше на „западнобугарскиот премиер“ Димитар Ковачевски, и кој по ново сигурно гази по стапките на светскиот шампион по гафови и црни бисери, Зоран Црпко Заев, новопечениот неимар од Дубаи, пишува Курир

Најнови вести од: Регион

Скандал во албанското МВР, 520 вработени земале плата, некои со години не оделе на работа, а дел живеат и во странство!

Албанските медиуми објавија вест за скандал во Министерството за внатрешни работи, каде во платниот список имало 520 вработени кои примале плати, без да одат на работа. – Некои од нив со години живеат во странство, додека други се занимаваат со приватни бизниси или други активности. Феноменот покрена прашања за внатрешната контрола и одговорноста на раководителите кои со години ја дозволуваат оваа практика, наведуваат медиумите.

Република Српска оди на нови избори откако Саво Миниќ поднесе оставка

Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка на функцијата, во пресрет на можноста неговиот мандат да биде оспорен пред Уставниот суд на Босна и Херцеговина поради спорниот начин на неговото назначување и избор.

Албанија ќе го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Со 79 гласови „за“, оние на владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што се оценува, земјата се усогласува со стратешките сојузници.

Пендаровски: Албанскиот е службен јазик во Македонија, но…(ВИДЕО)

Албанците можат да го користат јазикот, но во многу случаи не гледаме негова целосна примена во институциите и судовите. Важно е да се постави прашањето дали овие права се применуваат во секојдневниот живот

To top