Регион

Загина Македонец во Белград: Правел експлозивна направа наменета за ликвидација

Во експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација

Во експлозија што се случи вчера во изнајмен стан на улицата Косовска во Белград, најверојатно загинал граѓанин на Македонија додека подготвувал експлозивна направа со голема разорна моќ наменета за ликвидација, објавија српските медиуми.

Сè уште се чека официјална потврда на идентитетот на загинатиот. Сите полициски служби, Безбедносно-информативната агенција и Вишото јавно обвинителство во Белград се ангажирани во решавањето на овој случај.

– Оперативните информации укажуваат дека бомбата била наменета за дилер на дрога од Белград. Целата мрежа на криминални пресметки што е подготвена во главниот град е поврзана со навивачки структури блиски до криминални групи – изјави соговорник за Курир.

Експлозијата се случи на третиот кат од зграда во таа улица во Белград. Првичните информации беа дека експлодирала плинска боца.

Поради силата на детонацијата, преградните ѕидови и подот на станот беа разрнати, прозорците беа скршени, а неколку автомобили на улицата беа оштетени.

Најнови вести од: Регион

Ива побарала онлајн да учествува на денешното судење во Кочани

Таа објасни дека нејзиниот адвокат поднел барање за да може да учествува преку интернет на денешното рочиште за случајот во судот во Кочани. „Значи, чекаме да видиме дали обвинителството и судот ќе го прифатат ова наше барање да се вклучиме онлајн

Бугарија одбива европска медијација во спорот со Македонија

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски вчера изјави дека дијалогот што се води околу отворените прашања меѓу Скопје и Софија има поддршка од европските институции и земјите членки на ЕУ, додавајќи дека земјава останува на своите јасни и принципиелни позиции.

To top