Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитриевиќ беше меѓу најдобрите во редовите на Баерн Минхен, кој славеше со 79:64 во Тел Авив и го симна Хапоел од врвот во Евролигата.
Димитриевиќ беше трет стрелец во победничката екипа со 11 поени и реализација 3/4 за два поена, 1/3 за тројка и 2/2 од слободни фрлања, на што додаде по еден скок и асистенција за вкупно 18:06 минути во игра.
Со бекот на Баварците и на репрезентацијата на Македонија, кој неодамна дојде во Минхен од руски Зенит од Санкт Петербург, Баерн врза две победи во најсилното клупско натпреварување во Европа и се искачи на 15. место со 10 победи и 15 порази.