Спорт

Еурофарм Пелистер го урна проклетството „Загреб“ на стартот од ЛШ

Македонскиот ракометен првак првпат по четири порази во меѓусебните дуели славеше над загрепчани со 25:23

По четири порази во исто толку меѓусебни дуели претходно во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Пелистер конечно го совладаа Загреб со 25:23 на стартот од групната фаза во најсилното клупско натпреварување на стариот континент.

Освен на почетокот од второто полувреме, кога гостите од Хрватска поведоа со 14:12, македонскиот првак постојано имаше предност, во првите десет минути од 8:4, а пет минути пред крајот и 23:20.

Но, некогашниот европски шампион не само што не крена раце, туку и имаше напад за израмнување 19 секунди до последниот свиреж на германските судии, но домашниот голман Саид Хеидарирад одбрани, згора и погоди од гол на гол и со тоа стави точка на драмата во салата „Боро Чурлевски“.

Дејан Манасков со 8 гола од 11 обиди беше најефикасен во победничката екипа, за која капитенот Филип Кузмановски постигна 6 од 10 удари, а Усама Хосни погоди од сите четири обиди.

Иранецот со романски пасош на голот на пелистерци се покажа клучен во второто полувреме, во кои одбрани 6 удари со 31 процент ефикасност.

Десното крило Филип Главаш беше прво име во поразениот тим со 7/8, покрај чуварот на мрежата Анте Грбавац со 9 успешни интервенции (32 отсто).

На 18 септември тимот на Румен Гарабаја ќе му гостува на Пари Сен Жермен.

Најнови вести од: Спорт

Бугарскиот параоломпиец Ружди повторно постави светски рекорд

34-годишниот параатлонец од селото Глоѓево во Русе (Бугарија) триумфираше во фрлање ѓуле на Светското првенство во атлетика за лица со попреченост во Њу Делхи, откако три пати го собори светскиот рекорд.

To top