Спорт

Еурофарм Пелистер потона во завршницата во Париз

Македонскиот ракометен првак водеше со 27:26 во 51. минута, на крајот славеше Пари Сен Жермен со 33:27

Катастрофалните последни девет минути, во кои прими седум, а не даде ниту еден гол, го чинеа Еурофарм Пелистер пораз од 33:27 од Пари Сен Жермен на гостувањето во Париз во второто коло од групната фаза во ракометната Лига на шампионите.

Македонскиот првак во 51. минута поведе со 27:26 со голот на Домен Тајник, но тука застана, поништувајќи го и своето максимално водство од 23:20, како и враќањето со пет погодока во низа без одговор за 16:16 на крајот од првото полувреме.

Како и во победата над Загрев во Битола на стартот, Дејан Манасков беше најефикасен кај пелистерци со 5 гола од 6 обиди, пред капитенот Филип Кузмановски со 4/10, но гостите немаа одбрана за Елоим Пранди (11/16) и за Камил Шипжак (8/10).

Во следниот круг на 24 септември од 20:45 часот пелистерци ќе го пречекаат ГОГ Гудме.

Најнови вести од: Спорт

„Легендите на сцена“ спектакуларен ракометен меч во Скопје

На 29 октомври, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијалниот ракометен спектакл „Легендите на сцена“, по повод прославата на 20 години на колегите од „Спортско радио 90,3 ФМ“.

To top