Спорт

ФФМ најостро го осуди инцидентот во кој има и повредени деца

Фудбалската федерација на Македонија со најостра осуда го коментира инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории

facebook.com/ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со најостра осуда го коментира инцидентот што се случи за време на натпревар од младинските категории (генерации 2009/10) меѓу екипите на Брегалница и Шкупи. Група родители на гостинските фудбалери влегоа на теренот и физички нападнаа дел од играчите на домашниот тим.

Ова однесување е апсолутно неприфатливо и претставува сериозно кршење на принципите на спортскиот дух, фер-плејот и безбедноста на младите фудбалери. Особено загрижува фактот што едно дете претрпело тешки повреди, вклучително и скршеници, како резултат на нападот.

ФФМ објави дека надлежните органи ќе започнат дисциплинска постапка и ќе преземат соодветни санкции против сторителите. Исто така, ќе биде покрената постапка против ФК Шкупи и одговорните лица, со цел да се спречи повторување на вакви недозволиви и опасни инциденти.

Федерацијата нагласува дека било каков облик на насилство на спортските терени е строго забранет и ќе биде ригорозно казнет. Во однос на насилството, без разлика од кого или на кое ниво, нема да има толеранција.

Нашата заедничка обврска е да создадеме безбедна и позитивна средина за развој на најмладите генерации фудбалери.

Најнови вести од: Спорт

Последните ангажмани му траеја пократко од јогурт во супермаркет! – Претседателот се вклучи во уличната војна во ФФМ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска остро возврати на критиките на поранешниот селектор Игор Ангеловски околу изборот на Гоце Седлоски за нов селектор на А репрезентацијата.

To top